Македонија

Кривична пријава против вработен во Национални шуми

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.П.(58) од с.Вевчани, струшко, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, во својство на службено лице, вработен во Јавното претпријатие Национални шуми ПШС „Јабланица“ Струга, во периодот од 15.11. до 29.11.2022, додека бил на боледување, службениот чекан за жигосување на дрва со кој бил задолжен, му го дал на А.Ќ., вработен во склад за дрва, сопственост на приватната фирма од с.Велешта, со што му овозможил да жигосува дрва, да ги пушта во промет и да оствари имотна корист, а изготвил и пет испратници за две фирми од с.Велешта, за превоз на исечените дрва од ШСЕ „Глобочица“ до склад за дрва во с.Велешта.

Со ова им овозможил на правните лица да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 112.200 денари.

На почеток