Македонија

Правилник на Тетово: Колку посилно те касне кучето, толку повеќе поени и пари можеш да добиеш

Општина Тетово објави Правилник за надомест за каснување од кучиња.

Ако ве касне куче скитник во Тетово, треба да го земете правилникот издаден од Општина Тетово и според него да утврдите колку поени ќе добиете врз основа на кои ќе ви се исплати надомест.

За каснување се добиваат од 5 до 15 поени, во зависност од тоа колку било силно. Ако ве каснало еднаш или повеќепати, повторно добивате од 5 до 15 поени. Различен број поени се добиваат и за големината на претрпениот страв и за последиците на каснувањето.

Секој каснат граѓанин ќе добие предлог-спогодба и можност за надоместок од минимум 30.000 до максимум 100.000 денари.

Вака изгледа тарифникот за собирање поени:

Повеќе детали од Правилникот на следниот ЛИНК.

На почеток