Македонија

Ковачевски: Да се обединиме во стремежите за мир и просперитет

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски упати писмо во кое го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици, на поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на МПЦ – ОА и на сите верници кои денеска го чествуваат празникот.

„Симболиката на вековното празнување на Богојавление – Водици во Црквата и во народната традиција, што потсетува на Исусовото крштевање во реката Јордан, има длабоко и суштинско значење, бидејќи упатува на обновата како на неминовен дел од духовниот развој на личноста, но и на заедницата.

Денес, заедничко добро е да се осигура мирот и да се обезбедат егзистенцијата и просперитетот со разбирањето, грижата едни за други и со заедничка поддршка на развојот, како предизвик и обврска на секој совесен човек и повикани сме сите кон оваа цел да ги вложиме и обединиме нашите стремежи.

Нека е честит и вековит големиот христијански празник, Богојавление – Водици“, напиша во писмото до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, премиерот Димитар Ковачевски.

На почеток