Скопје

Автомобил се запали вчера вечер во центарот на Скопје

Автомобил се запали вчера вечер на булевар „Кочо Рацин“ во близина на ОУ „Димитар Миладинов“ и зградата на Црвен крст во центарот на Скопје.

Од МВР соопштија дека во 18.45 часот Г. Д. (28) од с.Ростуше пријавил дека на бул. „Кочо Рацин“ додека го управувал неговото возило „Даеву Ланос“ почнало да чади од хаубата и да избива пламен при што е изгорен делот кај моторот и шал таблата. Огнот е изгаснат од страна на противпожарна екипа.

Возилото што синоќа се запали е на истата локација каде што и во неделата беше опожарен еден автомобил „опел астра“. И тогаш беше предизвикана само материјална штета, без повредени лица.

Фото: Нова Македонија

На почеток