Македонија

Полукриминални групи под контрола на СДСМ и ДУИ вршат притисоци врз пратеници, нема да им успее и ќе зажалат за тоа, кажа Мицкоски

Денеска по завршувањето на централниот настан на положување на светиот крст во водите на Охридското езеро, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше прашан за пратениците од власта кои што посакуваат избори, при што истакна дека нема рационален човек во македонскиот парламент и што и сака добро на Македонија, а да не сака избори.

Но, посочи Мицкоски, оние полукриминални групи кои се дел од македонското подземје, а кои се контролирани од високите раководства во Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и Демократската унија за интеграција (ДУИ), веќе почнуваат да вршат притисоци врз пратениците во македонскиот Парламент кои се организирање предвремени парламентарни избори.

И покрај притисоците кои што почнаа да им се вршат, Мицкоски изрази убедување дека овие пратеници, кои што пред се му посакуваат добро на државата, ќе ги издржат притисоците од криминалните структури и останат доследни на кажаното, бидејќи борбата за Македонија нема цена.

„Па, мислам дека не би имало човек во Парламентот, рационален човек кој што и сака добро на Македонија, а да не посакува избори. Но, оние полукриминални групи кој што, високото раководство на СДСМ и ДУИ ги контролираат и се дел од македонското подземје, веќе почнуваат да вршат притисок врз тие пратеници. Јас сум убеден дека тие ќе останат доследни, бидејќи борбата за Македонија нема цена, а криминалците еден ден ќе зажалат за ова што го прават“, рече Мицкоски.

На почеток