Македонија

Струмичанец фатен на граница, превезувал патници без лиценца

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Н.Г. (23) од с.Босилово, струмичко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца’’.

Пријавениот на 11.01.2023 околу 14.15 часот на граничен премин „Табановце“, без регистрирана дејност, во својство на физичко лице, со патничко возило „пежо“ бил затекнат како врши јавен превоз на патници во патниот сообраќај, без притоа да поседува лиценца за јавен превоз издадена од Министерство за транспорт и врски.

На почеток