Свет

Киев одлучи: Ако е поврзана со Русија, ние се откажуваме

Украинската влада поднесе предлог-закон до парламентот со кој може да се укине Украинската православна црква доколку украинските власти заклучат дека таа има врски со Русија.

ТАСС наведува дека нацрт-законот е изготвен според упатствата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претставникот на владата во собранието Тарас Мелничук на својот профил на Телеграм напиша дека предложениот закон предвидува измени на актуелниот закон со кој се оневозможува работењето на верските организации чиј центар на управување е надвор од Украина, поточно во држава која агресира против Украина.

Во средината на декември, украинскиот претседател Зеленски му нареди на парламентот да подготви нацрт-закон за забрана на „верските организации поврзани со центрите на влијание во Руската Федерација“, според ТАСС.

На почеток