Македонија

Електрична енергија во државата има повеќе од доволно, среде зима се продаваат вишоци струја, вели СДСМ

СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски успешо менаџираат со енергетската криза. Во време на најтешка криза по втората светска војна обезбедена е сигурна испорака на струја до граѓаните и компаниите и стабилност на цената на електричната енергија, вели СДСМ

„Сите капацитети во државата – трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост се во погон, за прв пат во 70 години.

Електрична енергија во државата има повеќе од доволно, среде зима се продаваат вишоци струја.

Истовремено цената на електричната енергија не се зголемува.

Од 1 јануари, цената на струјата за домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува. Субвенционирани се 80 отсто од сметките за струја за домаќинствата.

Големо намалување на цената на струјата, односно 20,15 отсто има за 72.000 компании, мали потрошувачи на електрична енергија.

Одговорните енергетски мерки и политики на СДСМ даваат резултати“, се вели во соопштението.

На почеток