Свет

Европската унија во понеделник воведува нови санкции кон Иран

Европската унија во понеделник ќе додаде 37 лица од Иран на списокот со санкции, соопштија денеска двајца европски дипломати.

– Во понеделник ќе го усвоиме четвртиот пакет санкции против Иран и сметаме дека веќе треба да почнеме да работиме на петтиот, во кој корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) е наведен како терористичка организација – дипломат од ЕУ изјави за Ројтерс.

ИРГЦ беше основана кратко по Исламската револуција во 1979 година за да го заштити шиитскиот свештенички систем на владеење и да обезбеди противтежа на редовните вооружени сили.

Двата извори рекоа дека 37 нови имиња ќе бидат на црната листа за кршење на човековите права на состанокот на министрите за надворешни работи на европскиот блок во понеделник.

Санкциите ќе значат дека на членовите на ИРГЦ нема да им биде дозволено да патуваат во ЕУ и дека сите средства што ги имаат во Европа ќе бидат замрзнати.

Двајцата дипломати, сепак, додадоа дека ИРГЦ нема да биде санкционирана како организација.

– Ако го направите ова, мора да биде правно исправно и во моментов се разговара, но нема да биде подготвено за понеделник – изјави еден од дипломатите.

На почеток