Актуелно

Лавина на Тибет, 20 загинати

Во лавина во градот Нингчи во Тибет загинаа 20 лица, а осум се уште се водат како исчезнати по лавината, соопштија денеска локалните власти.

Пронајдени се 53 преживеани, од кои пет се тешко повредени, објави Глобал тајмс, повикувајќи се на претставник на локалната власт во западниот кинески регион, пренесува Ројтерс.

Лавината се случила на дел од патот помеѓу селото Паи во округот Меинлинг и излезот од тунелот Доксонг Ла во округот Медог околу 20 часот во вторникот.

Службите за итни случаи денеска испратија 696 професионални спасувачи на местото на настанот, а спасувачките операции се уште се во тек, јави CCTV.

На почеток