Македонија

Полицијата отстранила 40-метарско знаме со сонцето на Кутлеш, избегнат инцидент на Водици во Охрид

За малку избегнат ицидент на празнувањето на Богојавление Водици во Охрид откако полицијата побарала да биде тргнато 40-метарско знаме со сонцето од Кутлеш кое беше поставено кај Долна порта на Самоиловата тврдина.

Прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир заработил и адвокатот Тони Менкиноски кој е сопственик на големото знаме, а воедно и ги застапува Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.

Во телефонска изјава за Алфа, Менкиноски вели дека од полициските службеници барал да му достават наредба за тргање на знамето.

-Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето имаше една бурна реакција од страна на луѓето кои го имаа поставено знамето, исто така ме запишаа мене како подносител. Јас им побарав да ми донесат наредба им реков ова знаме нема да го тргнеме се додека не донесете наредба или писмен документ со кој ќе не задолжите да го тргнеме. И тоа треба да го пренесете да го знае јавноста бидејќи беше можен и инцидент, вели Менкиноски.

Телевизијата побарала став и од полицијата. Оттаму им кажале дека нарушен бил јавниот ред и мир со истакнување „знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон“.

На почеток