(ВИДЕО) Ибар го поплави шеталиштето во Краљево, реката однесе цела куќа
Поради обилните врнежи во претходните денови, како и новите снежни врнежи, на повеќе територии во Србија е прогласена вонредна состојба.
Вонредна состојба е на територијата на градот Прокупље поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реката Топлица, кој од час во час расте.
Вонредна заштита од поплави е прогласена и во водоводните единици „Лим-Пријепоље“, „Ибар – Краљево, Нови Пазар“, „Дрина Лозница“, „Западна Морава – Крушевац“, „Западна Морава – Чачак“.
Покрај обилните дождови од претходните денови, снег од утрово паѓа и во поголемиот дел од Србија.
Денеска е снимено како поројот однесе цела куќа. Реката Ибар се излеа на Ушче, а под вода е дел од фабриката „Екофарм“ која се наоѓа на брегот на реката.
Reka Ibar odnela kuću. pic.twitter.com/auAigB4YZy
— krunskisvedok (@noviput) January 20, 2023
Во Сијаќ поле, недалеку од центарот на Краљево, водата од атмосферската канализација, која Ибар не можеше да ја прими, се излеа на две улици, поради што дел од улицата беше затворена за сообраќај.
Ибар поминал и низ недовршениот дел од бедемот во тој дел од градот и поплавил земјоделско земјиште и стопански објект, соопштија за РТС во градскиот штаб за вонредни ситуации.
FOTO TANJUG/ Prijepolje info portal