Свет

Вагнер се огласи за регрутирање на Срби за војната во Украина

Вагнер зборуваше за регрутирање на Срби за војната во Украина
Руската паравоена група „Вагнер“ денеска демантираше дека регрутира српски државјани да се борат во Украина.

Негирањата доаѓаат еден ден откако активисти поднесоа кривична пријава против организацијата во Белград.

Меѓу лицата наведени во кривичната пријава се и рускиот амбасадор во Србија Александар Бочан-Харченко и Александар Вулин, директор на Државната безбедносна и информативна агенција на Србија, објави Ројтерс.

„Јас не регрутирам Срби“, рече основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин во изјавата, велејќи дека никогаш не слушнал за Боцан-Харченко или Вулин.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави претходно оваа недела за групата на Вагнер и повикот за регрутирање, дека тоа е озлогласена лага. Адвокатот од Белград и претседателот на граѓанската група „Октобар“ Чедомир Стојковиќ, како и претставници на руски и украински антивоени групи, вчера поднесоа низа кривични пријави до Вишото јавно обвинителство во Белград поради активностите на групата Вагнер во Србија, како и „мобилизацијата на српските граѓани за учество во војната во Украина“.

Пригожин на почетокот на неделата објави дека компанијата никогаш не била присутна на северот на Косово и немала никакви контакти со Србија.

Пригожин ова го изјави на официјалниот Телеграм канал на компанијата, одговарајќи на прашањето на Гласот на Америка на српски јазик за тоа какви активности спроведува Вагнер групацијата во Србија.

Пригожин исто така тврди дека во Вагнер во моментов нема српски државјани и дека одамна нема и додава дека гласините што се „надувуваат“ за интеракцијата на групата на Вагнер и Србија немаат основа.

На почеток