Македонија

Најмногу дожд и најстудено на Попова Шапка

Утринава најстудено на Попова Шапка каде се измерени -6 степени.

По Шапка следуваат Маврови Анови со -3 степени, -2 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Крушево, -1 степен во Прилеп, Берово, Претор, 0 степени во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија, Крива Паланка, 1 степен во Куманово, Гевгелија, 2 степени во Дојран и Штип, 3 степени измерени се во Струмица, додека пак 4 степени во Виница.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2)
Најмногу дожд измерен е во Попова Шапка 12 л/м2, 11 л/м2 во Пожаране, 8 во Тетово, 7 л/м2 во Маврови Анови, Струмица, 6 во Дојран, 5 во Битола, Кр.Паланка, Крушево, 4 л/м2 во Куманово, 3 во Берово, 1 во Претор, Прилеп, Д.Капија.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 63 cm, 13 во Пожаране, 7 Маврови Анови.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во котлините ќе има слаба магла. Од пладневните часови од запад ќе се прошири облачност, а во текот на ноќта од запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Во ноќните часови ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

На почеток