Коментари

„Арсовска си прави увиди на сите три улици и се слика, а кога и е досадно се кара со цело Скопје“, вели Јоци

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вчера направи увид во градежните работи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кој е во фаза на целосна реконструкција на надземната и подземната инфраструктура, по што Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус. Таа вели дека кога на градоначалничката и е досадно се кара со цело Скопје, а кога не знае со кој да пие кафе менува директори.

„Данела Арсовска била задоволна од сите три улици кои ги прави веќе 7-8 месеци. И толку. Си прави увиди на три улици и се слика. Кога и` е досадно – се кара со цело Скопје, влада ќе прати инспекции на приватни превозници и она е среќна.
Како во 6 одд.
Кога не знае со кој да пие кафе, менува директори, досега над 20.
Импулсивна и суетна. Немала власт досега, затоа.
Нови сали, паркови, зеленило, нови улици, базени, Универзална, игралишта со реквизити, средни школи, мостови, средување на сообраќај и нов план за јавен превоз – њама.
Тунелот кај Ј.булевар ќе бил готов, но не може да се отвори додека Данела не ги изгради крстосниците на влез и излез. Пошто нема да ги изгради, тој дел од центарот ќе остане во хаос.
За шо праиме муабет не знам…втора година тера, се сликала на втора лента од улица од 500 м.“, стои во обајвата.

На почеток