Македонија

Минатата недела регистриран 131 случај на ковид

Тестирани се вкупно 2.310 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 24,6% во однос на минатата недела (n=3.065).

Регистриран e 131 нов позитивен случај од 17 градови во државата, за 35,5% помалку во однос на минатата недела (n=203). Процентот на позитивност се движи од 4,3% до 7,9%, просечно 5,9%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=78; 59,5%). Највисока инциденца е регистрирана во Берово (36,7/100.000), Дојран (32,4/100.000) и Демир Капија (26,5/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи освен во возрасната група од 10-19 години каде во изминатата недела не е регистрирано ниту едно заболено лице, а најголем број на случаи се пријавени во возрасната група над 60 години (n=70; 53,4%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи со најголемо намалување кај возрасната група од 20-29 години (-68,4%)

На почеток