Свет

Белград подготвен да го дочека Путин – 250 руски специјалци ќе го чуваат Рускиот претседател

Претседателот на Русија Владимир Путин во четврток ќе пристигне во Белград. Путин ќе оствари средба со домкинот, претседателот на Србија Александар Вучиќ. Путин доаѓа во Белград во време кога Русија е заинтересирана за потполна реализација на Турскиот тек, кој би донел гас во југоисточна Европа, како и за дипломатски статус за соработка за риско – српските соработки во хуманитарниот центар во Ниш.

Дел од обезбедувањето на Путин , веќе е во главниот град на Србија, а во соработка со руските агенти и Српската полиција ќе се грижат за безбедниот пречек на рускиот претседател.Се проценува дека во обезбедувањето на Путин ќе бидат ангажирани од четири до седум илјади полицајци, од сите безбедносни служби на Србија, односно од МВР и војската на Србија, БИА, ВБА и ВОА.

Како што најавија над 250 руски специјалци ќе го чуваат претседателот во Србија.

За време на посетата безбедносните мерки во градот ќе бидат подигнати на највисоко ниво. Тоа значи дека воздушниот простор над Србија ќе биде затворен за сите авионски летови при слетувањето на претседателскиот авион, кој по влегувањето во српскиот воздушен простор ќе го следат авиони на српската војска до слетувањето на белградскиот аеродром, пишува „Србија данас“.

Улиците по кои ќе се движи рускиот претседател ќе бидат затворени, шахтите ќе бидат заварени, на зградите ќе бидат поставени руски и српски снајперисти, а на граѓаните што живеат покрај трасата на движење на претседателската колона ќе им се нареди да ги затворат прозорите и да ги повлечат завесите. Исто така, ќе биде засилена и контролата за движење на пешаците, посебно на прометните места, на железничките и автобуските станици. Интернет-комуникацијата во Србија и во странство ќе биде под засилен надзор. Покрај овие мерки, ќе бидат користени и пософистицирани методи за заштита на важни личности.

Според претходните најави, се очекува за време на посетата да бидат потпишани над 20 билатерални договори за соработка во различни области, а ќе се разговара и за реализација на заеднички проекти од областа на енергетиката, инфраструктурата и иновациите.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток