Свет

Руска јахтата направи хаос во Хрватска, уапсени четри лица

Хрватската полиција уапси четири лица, од осум се под истрага за пловење на руска јахта која била под блокада.

Хрватското МВР (МВР) соопшти дека во рамки на кривичната истрага за пловењето на јахтата „ИРИНА ВУ“ од Хрватска во октомври 2022 година, полицијата на подрачјето на сплитско-далматинската полиција привела неколку лица.

Во тек е спроведување на доказни дејствија, претреси на домови и други простории на повеќе локации, а медиумите јавуваат дека се уапсени четири лица, наводно тројца членови на екипажот, додека четвртиот е поранешен капетан на претходната екипа.

Дури на почетокот на јануари дознавме за пловењето на јахтата под санкциите на ЕУ, САД и Велика Британија.

Луксузната јахта, вредна околу пет милиони евра, е во сопственост на компанијата на рускиот олигарх близок до Владимир Путин, Алишер Усманов.

Иако и беше забрането да плови, јахтата пристигна во Дубровник, од каде во октомври исплови за Турција.

Медиумите посочуваат дека за да ги напушти хрватските територијални води, јахтата морала да помине полициска и гранична контрола во Дубровник, како и контрола од Капетанијата на пристаништата.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ неодамна изрази незадоволство од исчезнувањето на блокираната јахта и рече дека одговорните ќе одговараат.

Министерот за транспорт Олег Бутковиќ претходно поради тој случај го разреши раководителот на секторот за безбедност на пловидбата, пристаништата во Шибеник и шефот на подружницата во Бетина.

На почеток