Скопје

143 санкционирани возачи во Скопје: 56 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за возач почетник…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток