Македонија

Односите со Бугарија никогаш не биле полоши, а СДС и ДУИ тврдеа дека потпишале договор со кој ги затвориле сите прашања, вели ВМРО-ДПМНЕ

Односите помеѓу Бугарија и Македонија никогаш не биле на пониско ниво од сега, кога власт се СДС и ДУИ, кои тврдеа дека ги затвориле сите отворени прашања, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Македонија, Македонската нација, јазик и историја никогаш не биле негирани од Бугарија како што се сега, и тоа е резултат на поданичкиот однос на СДС и ДУИ.

Македонија никогаш не била мета на критика како што е сега, и тоа по потпишан Договор за добрососедство, кој според власта требаше да ги унапреди односите.

Политиките на негација на Македонија од Македонските премиер и претседател на држава придонесоа за говорот на омраза од Бугарска страна, веднењето кичма ги охрабри шовинистите во Бугарија да ја негираат Македонија.

Односот на СДС и ДУИ трајно ги оштети позициите на Македонија.

Од што се добри односите, гледаме деновиве, одбележување на Гоце Делчев во кој од страв од инциденти од Бугарски шовинисти Македонскиот народ беше спречен од власта да одаде почит, а потоа и демолиран Македонски клуб во Благоевград.

Со СДС и ДУИ Македонија е жртва на негирање и тероризирање“, се вели во соопштението.

На почеток