Македонија

Милошоски: Вакво тензично чествување на Гоце Делчев е последица на брзоплетиот склучен договор за добрососедство во 2017

Милошоски: Вакво тензично чествување на Гоце Делчев немало во последните 75 години, тоа е последица на брзоплетиот склучен договор за добрососедство во 2017

Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше за чествувањето на Гоце Делчев каде потенцираше дека досега вакво тензично, полно со полиција и со понижување на достоинството на обичните граѓани кои не можеа слободно да му оддадат почит и да положат венец на Гоце Делчев досега не се случило во Македонија.

-Со жалење можам да констатирам дека вакво напнато, контраверзно полно со полиција, безбедносно ризично чествување, па со понижување на достоинството на обичните граѓани кои не можеа слободно да му оддадат почит и да положат венец на Гоце Делчев, досега не се случило во Македонија, во изминатите 75 години. Парадоксот е толку силен што Гоце Делчев како апостол на движењето кое се бори за слободата на македонскиот народ имаше чествување кое што македонскиот народ не беше слободен да појде на гробот и да му оддаде должна почит, и затоа сметам дека ваква напнатост досега немало, истакна Милошоски.

Тој во текот на своето гостување укажа дека ваквото тензично чествување на роденденот на Гоце Делчев влијание на повеќе нивоа во државата.

-Ова е најтензичното чествување на Гоце Делчев и таа тензија се прелеа и во билатерално бугарско македонски односи, не само на политичко ниво или дипломатско, туку сметам дека се прелеа за веќе и заеднички билатерални проекти, на спортско ниво, на култура и на сите други можни соработки, рече тој.

Милошоски заклучи дека ваквата напнатост за чествувањето на Гоце Делчев е како последица на брзоплетото склучување на договорот во 2017 година за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија. Имено Милошоски потсети дека кога беше потпишан тој договор владата на СДС и ДУИ ветуваше дека е лек за сите проблеми, решение за сите спорови и така натаму.

-Ваквото чествување на Гоце Делчев и ваквата напнатост во самата Македонија прво, во нашето општество, а потоа и во билатералните односи со официјална Софија сметам дека е една последица на брзоплето склучениот договор 2017 година за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија за кои што владата на ДУИ и СДС не убедуваше дека е лек за сите проблеми, дека е решение за сите спорови, а ние гледаме дека од потпишувањето на овој договор до денес секоја година имаме само влошување на односите константно, за жал на штета на двете држави, но ако се направи некоја мерка со поголема штета врза Македонија, додаде Милошоски.

На почеток