Свет

Луѓе под урнатините бараат помош на Твитер

Граѓаните на Турција, кои останаа заробени во урнатините по разорниот земјотрес што синоќа го погоди југот на земјата, почнаа да објавуваат статуси и фотографии на социјалните мрежи барајќи помош од спасувачите.

„Спаси ме, јас сум по урнатините“, „Спасете ме, ве молам“, пишуваат бројни статуси кои кружат на „Твитер“, а корисниците во коментарите се обидуваат да добијат објаснување каде се наоѓа објектот во кој тие се затрупани.

Разорниот земјотрес однесе повеќе од 500 животи во Турција и Сирија. Неколку илјади луѓе се повредени, а според последните информации во двете земји се урнале над 2.000 згради.

Спасувачките екипи се на терен и со часови од урнатините ги извлекуваат повредените и телата на загинатите.

На почеток