Магазин

Почина болното куче кое сосе креветче го оставиле покрај контејнер

Во текот на вчерашниот ден во ЈП Лајка беше донесено куче од расата малтезер на 5 месечна возраст напуштено од неговите сопственици покрај контејнер.

„Веднаш по приемот на кучето, тимот на ЈП Лајка му укажа прва помош и беа направени сите дијагностички постапки, вклучително и неколку пати повторени тестирања на сите заразни болести и беше аплицирана соодветна терапија.

Здравствената состојба на кучето беше тешка, интервенциите беа во задоцнет момент во време кога болеста прогресирала системски, сеопфатно, а дополнителен проблем направило преноќувањето на минусни температури пред иницијално да биде згрижено.

Со цел да се направи дополнителна дијагностика кучето беше прегледано дополнително од двајца доктори по ветеринарна медицина.

За жал и покрај сите максимално вложени напори кучето го изгуби својот живот денес.

Најстрого го осудуваме овој чин на неодговорните сопственици, кои го исфрлиле својот миленик од својот дом во сериозна здравствена состојба. Случајот е пријавен до надлежните органи и очекуваме да се спроведе истрага и сопственикот да одговара за делото“,велат од претпријатието.

На почеток