Свет

Нобеловата награда за мир ја добија активисти за борба против сексуалното насилство

Добитници на Нобеловата награда за мир во 2018 година се Денис Муквеге и Надија Мурад, активисти за борба против сексуалното насилство во војна и оружени конфликти

Муквеге, гинеколог од Конго, беше номиниран неколкупати, додека младата активистка Надија Мурад, поранешна сексуална робинка на Исламска држава, веќе ја доби наградата Сахаров.

Комисијата рече дека докторот од Конго Денис Муквеге е „најистакнатиот, најобединувачки симбол на национално и на меѓународно ниво за борба против сексуалното насилство во војна и оружен конфликт“.

Мурад, пак, член на Јазиди-заедницата во Ирак, беше заробена од ИСИС и постојано силувана и подложувана на други малтретирања. Комисијата рече дека таа покажала „невообичаена храброст во раскажувањето на сопственото страдање“.

„Обајцата ја доведоа својата лична сигурност во ризик со храбрата борба против воените злосторства и обезбедување правда за жртвите.

Ако го гледаат ова, искрени честитки“, рече Комисијата што ја доделува наградата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток