Македонија

Гаши имал тајна средба со Мицкоски во Собранието

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вчера одржал тајна средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во просториите на Собранието. Состанокот се чувал во тајност и далеку од очите на јавноста, јавуваат медиуми на албански јазик во земјава.

Средбата се случува додека Владата ги финишира со Алијанса за Албанците преговорите за окрупнување на владиното мнозинство.

Иако впечатокот е дека премиерот Димитар Ковачевски ги сака и Алијанса и Алтернатива во Владата, со цел да се добие стабилно мнозинство коешто ќе може да ги протурка уставните измени во Собранието, се погласни се прогнозите дека како што лидерот на АА, Арбен Таравари се поцврсто чекори кон „Илинденска“, така Африм Гаши се повеќе ќе бара алтернатива и ќе се оддалечува од досегашните коалициски партнери.

На почеток