Некатегоризирани

Oбвинет за “27 април” избегал, распишана потерница

Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинетиот Н.В. осуден со неправосилна пресуда во предметот со К.бр 1893/17, ја информираме јавноста дека надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена на обвинетиот со решение на судот во мај 2018 година, а продолжена до правосилноста на пресудата, во јули 2018 година, при изрекување на првостепената пресуда, а по предлог на надлежниот Јавен обвинител , го извести судот дека обвинетиот не се придружувал до определената мерка.

По добиеното известување, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток