Актуелно

Многумина покажуваат знаци на посттрауматски стрес по земјотресот

Сè поголем број пациенти страдаат од посттрауматско стресно растројство и напади на паника, откако го преживеаја минатонеделниот земјотрес во Турција и Сирија.

Лекарите од турската теренска болница во јужниот град Искендерун објавија дека лекуваат се повеќе луѓе кои преживеале огромна траума по земјотресот, пренесе Ројтерс.

Се вели дека некои од нив, откако биле извлечени од урнатините по многу часови во студ и темнина, откриле дека членовите на нивните семејства починале или исчезнале, а дека некогаш раздвижените населби во кои живееле биле претворени на купишта скршен бетон.

На почеток