Спорт

Митревски: Младите играчи од клупата играа како се да е загубено

Македонија го доживеа вториот пораз на Светското првенство, загубивме од Шпанија со 32:21 одигравме одлично прво полувреме, но по само неколку минути во вториот дел го загубивме мечот.

„Одигравме квалитетно прво полувреме, не калкулиравме, заслуживме да водиме 3-4 разлика, но не ги искористивме шансите. Во второто полувреме се случи тоа што се случи, ќе видиме утре дали било тоа за добро или лошо. Утре ни е финале, за пласман во следната фаза. Можевме да бидеме во егал до 59. минута и да изгубевме, тоа ќе беше полошо. Штета, бевме расположени за игра, но тоа е тоа, шпанците успеаа да реализираат. Треба да се спремиме за утре, Исланд имаат млади и добри играчи, ќе биде многу тешко и ќе дадеме се од себе“, изјави Кире Лазаров.

„Одигравме многу лошо, имавме многу лесни голови, многу лесно се предадовме. Младите играчи од клупата играа како се да е загубено. Почнавме одлично, добив удар во пределот на слабината, па имав проблем во второто полувреме. Позитивно прво полувреме и очајно второ.

Од почетокот кога беше ждрепката за групите, знаевеме дека натпреварот со Исланд ќе биде одлучувачки. Ретко кој игра 60 минути без грешки, има големи падови во текот на уткмицата, но битно е тие грешки да бидат во прав момент, и да го добиеме тој натпревар. Освен за Палмерсон, треба да се премиме добро за сите 16 играчи. Тој натпревар за нас е финале, доколку добиеме ќе биде врвот за ова првеснство, а тоа во втората фаза е само бонус“, изјави Никола Митревски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток