Свет

„Токму сега и овде во Украина се одлучува“, вели Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето ноќно обраќање до нацијата рече дека иднината на светскиот поредок зависи од ситуацијата во неговата земја.

Тој и се обрати на украинската јавност по ненадејното доаѓање на американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Во моментов, овде во Украина, се одлучува за иднината на светскиот поредок, кој се заснова на правила, хуманост и предвидливост. Ни треба решителност. Денес видов таква одлучност кај претседателот Бајден“, рече Зеленски.

Тој додаде дека одбраната и другите потреби за запирање на руската агресија веќе им се добро познати на украинските партнери.

На почеток