Македонија

Со СДС народната кадија те тужи, кадија ти суди, стана син те тужи, ќерка ти суди, вели ВМРО-ДПМНЕ

Додека Цветанка Иванова е генерален секретар на Собранието, нејзината снаа станува судија, непотизмот со СДС и ДУИ метастазира, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Огромен сомнеж се фрла врз целиот процес за нови судии и обвинители кога ќе се погледне листата, се чини дека нема функционер од СДС и ДУИ кој нема свој близок на списокот.

Како граѓаните да веруваат во институциите, кога со нив раководат фамилијарно партиски кланови?

Каде на друго место во Европа во мандат на свекрвата како генерален секретар во Собрание, нејзината снаа станува судија?

Со СДС и ДУИ довербата на граѓаните во судството и обвинителството ќе биде се пониска.

Граѓаните со право сметаат фека политичарите од власта се недопирливи пред законите, кога нивните најблиски роднини се или судии или обвинители. Со СДС и ДУИ народната кадија те тужи, кадија те суди, има ново значење, син те тужи, ќерка ти суди. Кој е епилогот од така метастазирано судство од непотозам?

Потребни се промени, и нов пристап кон имстотуциите, мерит систем, наместо непотизам и партизација“, се вели во соопштението.

На почеток