Свет

(ВИДЕО) Орденот „Александар Невски“ на градите на Вучиќ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Белград на претседателот Александар Вучиќ му го врачи орденот „Александар Невски”.

Путин од Палата Србија порача дека е среќен што го одликува претседателот на Србија со висока државна награда на Русија. Путин додаде дека орденот носи име на голем светец и покровител на дипломати кој се изборил за независност во борбата против странските освојувачи.

„Во текот на речиси 300-годишна историја на награди запишани се славни имиња на претставници на Србија, меѓу кои се кнез Милош Обреновиќ и Никола Пашиќ. Сега во листата добитници е запишано и вашето име“, истакна рускиот претседател.

За Вучиќ пак, како што кажа овој орден значи голема чест и одговорност во идното проширување на соработката меѓу Србија и Русија.

„Горд сум на Србија која ја заслужи оваа награда. Србија во последниве години успешно ја чуваше својата независност, територијален интегритет и воена неутралност. Ова признание значи дека ја сочувавме Србија како слободна држава“, рече Вучиќ по доделувањето на орденот.
Според Вучиќ , Путин „ја подигна и ја заштити Русија“, но и виталните интереси на српскиот народ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток