Македонија

Денес облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, наместа пообилни. Врнежите ќе продолжат и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во текот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

На почеток