Огнените не го оставаат Груби на раат


Поддржувачи ја пречекаа делегацијата на високи функционери на „огнената група“ од ДУИ, во состав потпретседателот Изет Меџити, организациониот секретар Блерим Беџети, секретарот за родова еднаквост Саранда Имери, претседателот на Надзорниот совет Муса Џафери, членот на Претседателството Невзат Бејта, пратениците Кастриот Реџепи и Мерита Коџаџику, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу.
„Среде овации и барања за итна оставка на Артан Груби на несподобните министри што тој ги предводи, чаирчани се информираа за барањата за враќање на ДУИ во својата генеза, до народот и подалеку од политики за лични интереси на штета на ДУИ и албанскиот народ“, стои во соопштението на „огнената група“.
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, рече дека сите пораснале и созреале во духот на ДУИ, а Чаир е бастионот на ДУИ веќе 20 години.
„Бевме во ДУИ со позиции и без позиции, а тие што се на позиции денес, го заборавија својот дом, својот народ и го оставија Чаир на цедило“, рече Ганиу.
Саранда Имери Стафаи, секретар за родова рамноправност, рече дека нема посилен показател за нашиот правилен пат, од големото присуство, кое се спротивставува на Артан Груби, кој направи фронт со противниците на ДУИ за да си ја спаси фотелјата.
Пратеникот Кастриот Реџепи рече дека формирањето на владата синоќа било еден обичен циркус, па додаде: „збореа за Европа, а се виде дека се работи за интересите на Артан Груби“.
Претседателката на Форумот на жени на ДУИ, Мукадес Хајдари, рече дека како жена од Чаир бара меритократија.
„Гордо, работев како член на ДУИ, гордо работевме за унапредување на Албанките и ДУИ, но не за лични интереси и кариери на поединци“, рече Хајдари.
Членот на Претседателството на ДУИ, Невзат Бејта рече дека и доброто и злото на ДУИ доаѓа од Скопје.
Пратеничката на ДУИ Мерита Коџаџику рече дека како пратеник и жена има обврска да придонесе на секое поле на дејствување.
Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери рече: „’ние сме мнозинството на ДУИ овде и по структура и процент, Скопје како главен град е мобилизирано да го заштити 20-годишниот труд вложен во ДУИ, а овие вредности никој не може да ги земе“.
Организацискиот секретар и градоначалник на општина Сарај Блерим Беџети рече дека отсекогаш биле резервирани кон министрите и Артан Груби, но сега сите се убедени дека за лични интереси можат да го задушат дијалогот и да соработуваат со најголеми противници само за индивидуални интереси.
