Македонија

Ковачевски до пратениците: Има потенцијал мнозинството да расте ако ѝ се даде шанса на совеста

Премиерот Димитар Ковачевски, обраќајќи се третпат во Собранието во две недели, посочи дека владиното мнозинство има потенцијал да расте. Тој посочи дека добро е што од дискусијата во Собранието се гледа кој какви вредности застапува.

„Во овој состав на Собранието има доминантно мнозинство, прогресивен капацитет, со потенцијал ваквото мнозинство да расте. Ако ѝ се даде шанса на совеста, овој состав има сигурно уште поголем прогресивен капацитет за заедно да ги осигуриме перспективите. Пред нас се шанси за напредок. Оваа повеќедневна дебата е граѓаните да видат кој и што застапува“, рече Ковачевски.

Според него, на опозицијата ѝ пречат институциите што се борат со криминалот и корупцијата.

„Со изборот на нови заменик-министри ќе се комплетира составот на Владата, а ќе се отвори сериозна обврска за реализација на клучните стратешки цели. Граѓаните му дадоа на овој парламент прецизен мандат за европски живот дома и интеграција во ЕУ“, додаде Ковачевски.

Тој тврди дека работи според европските принципи.

На почеток