Македонија

Разрешени заменик-министрите со 62 гласа „за“

Башким Асани, кој беше заменик-министер за одбрана, Абдулшуќур Абедини, кој беше заменик-министер во Министерството за шумарство и водостопанство, како и Љуљзим Алиу, кој беше заменик-министер за образование и наука, се разрешени од функциите.

По неколкудневна дискусија во Собранието, од 103 пратеници, 62 гласаа „за“ разрешувањата. Немаше пратеници што беа против, ниту воздржани.

Следна точка на дискусија е именувањето нови заменик-министри, кои доаѓаат од редот на Алијансата за Албанците како партија што влегува во Владата. Отворен е претрес по оваа точка, а пријавени за збор се 36 пратеници и премиерот Димитар Ковачевски.

Дискусијата за влез на Алијансата за Албанците во Владата трае повеќе од две недели.

На почеток