Скопје

171 санкциониран возач во Скопје: 43 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток