Скопје

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

На 01.03.2023 во 19.30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(25) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана и дигитална вага.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток