Македонија

Какви ќе бидат најновите „марици“ во флотата на МВР?

Официјалните податоци достапни на веб страницата на Бирото за јавни набавки покажуваат дека МВР ќе купи 20 комбиња од марката „Рено“, објави Фактор

Секоја од „мариците“ чини 35.500 евра без ДДВ. За сите 20 комбиња за приведување МВР ќе плати над 815.000 евра.

„Мариците“ се произведени 2023 година, со дизел агрегат, ЕУРО 6, од 2.300 кубици кои произведуваат сила од 99 киловати. Возилата ќе бидат со шест брзини, ќе тежат до 3,5 тони. Новите интервентни возила ќе бидат опремени со системите: АБС, ЕСП и АСР, електронска блокада на диференцијал и систем за помош при возење на угорница.

Мариците ќе бидат климатизирани, ќе имаат централно далечинско заклучување, серво волан, ЛЕД светла, две воздушни перничиња за возачот и совозачите на предна клупа, сензори за паркирање, борд компјутер, магленки и грејачи на ретровизорите кои се подесуваат електронски.

Климатизација ќе има и за приведените лица, а во делот каде тие се сместени ќе има безбедносни камери, за штитени од можно кршење.

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток