Македонија

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Денес во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено претпладне, а во попладневните часови облачноста ќе се намали.

Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Утринските температури се движат од минус 2 до 6, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 5 и 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денска претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната темература ќе достигне до 13 степени.

Потоа следува период на променливо облачно време, повремено со појава на дожд претежно во западните делови од земјата, а ќе дува слаб до умерен претежно јужен до југозападен ветер кој поинтензивен ќе биде во понеделник.

Услови за поинтензивен дожд ќе има кон крајот на работната недела.

To Top