Сончево со мала до умерена облачност

Од
Објавено на

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 17 степени. Во петок и недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.
Во останатите денови од периодот ќе преовладува стабилно и топло време.
