Скопје

Денеска без вода повеќе улици во Скопје

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (среда) поради изведување на водоводен приклучок на улица Пролет бб со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата Пролет, Светозар Марковиќ и Мирче Ацев. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот. (општина Центар)

Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-2“ на крстосницата Коста Кирков/Аминта Трети, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица „Коста Кирков“, јавува Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности.

Денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф6/4“. на улица Скупи 1А до Рибокомерц со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на Криви Дол. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот. (општина Карпош)

Исто така, утре (четврток) поради технички зафат на затворач ф-600 мм во пумпна станица Гази Баба, можен е прекин на водоснабдувањето во следниве населби: Чаир, Топанско Поле, Скопје Север, Бутел 2 и високата зона во Железара и Автокоманда. Со работење ќе се започне во 09:00 часот до завршување со работните активности. (Град Скопје).

На почеток