Јоци за канцеларијата на Груби со „мали голчиња“: Уште колку ќе постои ваква Македонија? Ставете и уште утре катанец и кажете им на децата да се иселат
Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во врска со фотографијата објавена од страна на Артан Груби на која тој заедно со актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини игра фудбал во канцеларија.
„Во канцеларијата на Артан, со државава „мали голчиња” си играат и странски амбасадори.
На пример, пред некој ден и словачкиот.
Ама сé додека македонскиот народ молчи под јорган, лока лоши ракии и по кафани урла ,,Никогаш Северна” и ,,Доле Влада”, избројани се деновите на убавата Македонија, убава само во нашите соништа.
Никој очигледно не мисли каква Македонија ќе остави на сопствените деца и дали ќе ги боли до коска ако утре нема да имаат татковина да продолжат онаму каде нивните претци застанале.
Уште колку ќе постои ваква Македонија? Ќе издржи?
Ставете и` уште утре катанец на државава и кажете им на децата да се иселат на 12 години. Не ја бива вака“, вели Јоци.