Коментари

Најчевска за „дрим тимот“ на ДУИ: Знаете дека ве прават будали во очи? Нели? Колку треба да си будала за да го проголташ ова и да молчиш?

Професорката Мирјана Најчевска реагираше во врска со објавените фотографии од страна на Артан Груби на која тој заедно со актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини игра фудбал во канцеларија.

„Знаете дека ве прават будали во очи?

Нели?

Мислам не е можно да не гледате.

По 11 години во власт со ВМРО-ДПМНЕ која ја прогласивме за партија која практикуваше авторитаризам до ниво на фашизам, тие излегоа чисти како солза.

Го освоија правосудството кое е прогласено за најкорумпирано во регионот и пошироко, ни ја диктираат надворешната политика која ја претвори државата во земја за спрдачина, го прекршуваат секој закон, измислуваат закони за да го направат нелегалното легално, криминалот го претворија во стопанска гранка, непотизмот го прогласија за легитимен во кариерното напредување, поткупот и рекетот ги промовираа во највисоки вредности, успеваат да претворат во кал се што ќе допрат, и се промовираат како европски ориентирана зелена партија која е столб на напредокот на Македонија.

Колку треба да си будала за да го проголташ ова и да молчиш,

Па не молчевме пред Груевски.

Зошто молчиме пред Али Ахмети?

Затоа што ако го спомнеме, некој како мојот поранешен пријател Џабир Дерала ќе не нарече националисти?

Или…?“, стои во објавата.

На почеток