Скопје

Делови од Злокуќани, Сарај и Матка денеска без струја

Поради планирани прекини на електрична енергија денеска без напојување со струја ќе останат корисници на улица во Капиштец, зграда во Центар, реонот на Зајчев Рид, како и делови од Злокуќани, Сарај и Матка, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во периодот од 08:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Ганчо Хаџипанзов“ во населбата Капиштец, а од 09.00 до 11.00 часот и корисниците на булевар „Климент Охридски“ број 22 во Центар.

Од 09.00 до 15.00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во Опсерваторија, реонот на Зајчев Рид и дел од корисниците во село Злокуќани, додека од 09.00 до 14.00 часот без струја ќе бидат корисниците од улица 2 во Сарај и дел од потрошувачите на село Матка.

На почеток