Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час). Локално ќе бидат во форма на невреме, соопшти УХМР.

Во Скопската Котлина денеска времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината врнежите ќе имаат пороен карактер проследени со грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачи до 16 степени.

И утре ќе има слаб локален дожд, а во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата.

На почеток