Бесими за играњето фудбал кај Груби: Имаме право да се релаксираме како секој обичен човек

Од
Објавено на

Во интервју за ТВ21 министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека тој во минатото играл фудбал и дека после работниот ден, како и секој човек, си наоѓа хоби.
„Спортот е добар за здравјето. Јас сум играл фудбал во училиште. Го следев и светското првенство. На крајот од денот кога ќе го тргнам овој кстум како министер, станувам обичен граѓанин како и секој. Граѓаните можеби реагираа што не видоа во една невообичаена улога. Јас затоа сакам да упатам и порака дека секој министер, премиер, политичар е и обичен човек, и има исти емоции и грешки како и секој човек. Она што е важно е тоа што ние сме 100 отсто посветени на граѓаните, а имаме право да се релаксираме како секој обичен човек“, рече Бесими.
