Македонија

„Јас лекот не го добив“, вели еден од најтешко болните од цистична фиброза

Еден од најтешко болните пациенти од цистична фиброза, Игор Пехчевски денеска реагира дека не е меѓу првите осум пациенти кои го добија лекот Трикафта и кои од денеска ќе ја примаат оваа таблетарна терапија.

Тој во својата објава на Фејсбук прашува дали и останатите пациенти ќе го добијат лекот навреме.

„Се до дека не го објавив Транспарентот од болничкиот кревет, многу малку се знаеше што е болеста Цистична фиброза, како медиумите, така и Македонската јавност, а камо ли за лекот ТРИКАФТА.
А сега кога лекот е тука и на клиниките – ЈАС ЛЕКОТ НЕ ГО ДОБИВ

Ги прашувам надлежните:
Дали ние останатите ќе го добиеме лекот на врме, затоа што болеста секојдневно е непредвидлива и прогресивна“, вели тој.

Инаку претходно, директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ изјави дека терапијата ќе почне да ја примаат седум возрасни пациенти и едно дете. Напомена дека двајца од нив се во многу критична состојба и дека се неизвесни ефектите од лекот Трикафта кај овие пациенти.

На почеток