Македонија

Полиција интервенирала во тепачка помеѓу Охриѓани

Утрово во 03 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Д.А(26) од Охрид и Д.И.(26) од охридското село Горно Лакочереј. Во обид да преземе законски мерки за спречување на нарушувањето, интервенирал униформиран полициски службеник од полициската станица Охрид, но притоа, бил физички нападнат од Д.И. Истиот е приведен и по консултација со Јавен обвинител е лишен од слобода.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, против учесниците во нарушувањето и сторителот на физичкиот напад, ќе поднесе соодветна пријава.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток