Скопје

Почина матурант од Скопје – се огласи и мајката

Средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ завчера починал. Неговите другари и сооченици, вчера на градските гробиште во „Бутел“ го испратиле Јован во своето вечно почивалиште. Веста за починатиот матурант на социјалните мрежи ја објави професорката Виолета Ачковска. Во еден од коментари се огласи и мајката на Јован која ја потврди смртта на младиот тинејџер.

Сузаната Тренчевска, мајката на Јован, во еден од коментарите ја потврди информација за смртта, без дополнителни детали за причината.

„Детето е Јован, мојот син, мојот ангел момче кое беше прекрасен син. Нажалост јас како мајка неуспеав да му се најдам тогаш кога најмногу сум му била потребна. Да се биде родител во оваа „држава“ е многу тешко без поддршка на „институциите“. „Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, затоа што така е најлесно. Моја е вината што тоа го дозволив и што останав тука да ги растам децата. За каде? За во Бутел“, пишува мајката на Јован во коментар.

На почеток