Свет

(ВИДЕО) Стотици мртви по Циклонот „Фреди“

Најмалку 200 луѓе загинаа во поплави и лизгање на земјиштето, по Циклонот „Фреди“.

Владата на Малави објави дека „Фреди“ ги одзел животите на најмалку 190 луѓе, додека 584 се повредени, а 37 лица се водат за исчезнати, додека Мозамбик објави дека 20 лица загинале, а 24 се повредени поради циклонот, пренесува Гардијан.

Спасувачите предупредија дека бројот на жртви најверојатно ќе се зголеми.

Циклонот „Фреди“ ги погоди животите на речиси 59.000 луѓе во Малави, а 19.000 луѓе се раселени. Засолниште нашле во училиштата и црквите.

„Фреди“ неофицијално го собори рекордот на Светската метеоролошка организација (СМО) и стана најдолготрајниот циклон во историјата.

Досега рекордот го држеше циклонот Џон, снимен во 1994 година, кој траеше 31 ден.

На почеток